Македонската ракометна репрезентација денеска во 18 часот ќе игра против Грција во завршниот меч од квалификациите за Европското првенство.

Но, наместо како досега своите натпревари да ги игра во храмот на ракометот салата „Борис Трајковски“, овој натпревар ќе се игра во Струмица во салата „Парк кој прима само 1.500 гледачи.

Никој досега не даде официјално образложение зошто овој меч се игра во Струмица, иако Македонија веќе го има обезбедено пласманот на европското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.