Женската репрезентација на Македонија ќе игра во група 2 против репрезентациите на Исланд, Литванија и Грција во квалификациите за обезбедување на бараж натпревар за Светското Првенство кое ќе се одржи во период од 01 – 19 декември во Шпанија.

Термините на одигрување на натпреварите се од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември. Ќе се формираат пет групи (две со по четири, три со по три селекции), а прво и второпласираните обезбедуваат место во баражот.

Бараж натпреварите се закажани за 16 – 21 април 2021 година.

На СП 2021 веќе пласирани се репрезентациите на Шпанија и Холандија, а има уште 14 слободни места за репрезентации од Европа, севкупно на СП 2021 ќе учестуваат 32 репрезентации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.