Машката ракометна репрезентација на Македонија со три порази на три меча го заврши Европското првенство (ЕП). По поразите од Словенија и Црна Гора, нашиот национален тим загуби и од Данска (21-31) во рамки на групната фаза на континенталниот собир.

Данците и со комбиниран состав покажаа зошто се главни фаворити за златото и против Македонија дојдоа до седмата победа во осмиот меѓусебен дуел и воедно ја извојуваа највисоката победа во пресметките на големата сцена.

Најдобар кај Данска кај стрелците беше Киркелоке со девет гола, пред Линдберг со четири и Менсинг со три гола, а кај Македонија, Пешевски реализираше шест пати, пред Мишевски и Талески со по три реализации, додека Велковски и Кузманоски дадоа два гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.