Ракометната репрезентација на Македонија од третиот шешир ќе ја чека жрепката за Европското првенство што идниот јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Избраниците на селекторот Кире Лазаров своите противници на ЕУРО 2022 ќе ги дознаат на 6 мај со почеток во 17 часот.

На континенталниот шампион ќе настапат 24 селекции поделени во 6 групи по 4 репрезентации. По две од секоја група одат во главната фаза од натпреварувањето.

Финалниот викенд е планирано да се одржи во Будимпешта со мечот за златото предвиден на 30 јануари 2022 година.

Шешир 1: Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија
Шешир 2: Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија, Австрија
Шешир 3: Словачка, Македонија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција
Шешир 4: Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, БиХ и Литванија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.