Селекторот Данило Брестовац и неговите избраници со триумф од  33-24   го завршија 1.коло од новиот циклус квалифиакции.

Разликата во квалитет,нашиот состав ја потенцираше во првиот дел. После воведниот период и резултат 5-5,серијата на Македонија од 5-0 овозможи солидна предност кај беше надградена до полувремето за 16-10.

Во вториот дел,после  водството  од + 10,  24-14, видовме повеќе ротации во нашиот тим. Брестовац ги повлече главните играчи на клупа,но немаше поголеми проблеми во одржување на резултатот за финална победа од 33-24.

Капитенот  Кире Лазаров беше најдобар стрелец на натпреварот со 11 погодоци, шест постигна Кузмановски, а по четири погодоци реализираа  Маџовски и Пешевски.

Во   второто коло на 7. ноември, нашиот состав гостува кај Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.