Ракометна репрезентација на Македонија во втората рунда од главната рунда на Светското првенство во Египет силите ќе ги одмери со селекцијата на Русија. Мечот се игра денеска, во 15 часот и 30 минути.

Средбата со руската селекција за македонските ракометари ќе послужи за акумулирање на потребното искуство и нова можност за добра претстава на меѓународната спортска сцена. За Русија пак, бодовите од мечот со Македонија се повеќе од потребни за продолжување на бробата за првите две позиции на табелата во групата три.

Русите покажаа континуитет на Мундијалот, додека Македонија бележи нешто послаби резултати од претходните првенства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.