Македонската машка ракометна репрезентација денеска игра против домаќинот Египет. По поразот од Шведска во воведното коло, избраниците на Данило Брестовац имаат можност денеска од 18 часот да покажат дека пресметката со тимот од Скандинавија беше само лош ден.

„Не знам што да очекуваме од мечот со Египет. Кога имате млад тим многу е тешко да се претпостави како ќе одигра на следниот меч бидејќи секогаш има осцилации.“ – изјави Брестовац.

Од нашата група денеска уште играат и Чиле е Шведска во вечерниот термин од 20:30.

Македонија на минатото соочување со Египет на Медитеранските игри во јуни 2018 година загуби си 34:29 а пред 22 години на Мундијалот Египет славеше со 30:24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.