Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, кој беше назначен за нов селектор на Македонија, вели дека без размислување ја прифатил понудата на Ракометната Федерација на Македонија.

Да им се заблагодарам на претседателот на РФМ и УО без никакво размислување го прифатив овој голем предизвик за мене. Никогаш не сум ја одбил Македонија, така беше и сега. Не чека голема одгорворност и една успешна работа. Бидејќи секогаш сме во активна сезона, со претседателот на Ракометната федерација разговоравме  доста овој период, имаме слични размислувања, што се однесува до мојот стручен тим, се уште сум во преговори со нив. Заклучивме со претседателот дека јас би бил активен и како играч и следната година и би им помогнал на младите ракометари – вели Лазаров.

Првичниот договор со РФМ е само на една година, додека Лазаров е активен играч, а потоа ќе биде потпишан нов договор на четири сезони. Тој летово ќе ја добие Мастер Коуч лиценцата и ќе може да седи на клупата како предводник на нашата селекција.

Со претседателот Мукаетов заклучивме дека јас би бил активен и како играч и во следната година како поддршка за оваа подмладена репрезентација бидејќи во тој период пред нас се големи битки во кои треба да одговориме квалитетно. Имаме стратегија според која треба да го одржиме континуитетот на големите натпреварувања. За да го одржиме тој континуитет потребна е таа моја помош и мислам дека моето присуство на натпревари кои се од непроценлива важност ќе биде неопходно. Се уште немам донесено одлуката и за тоа треба да имам официјално информација до крајот на овој месец, дали кариерата ќе ја продолжам уште една сезона или ќе го завршам играњето ракомет оваа година. Искрено се надевам дека ќе играм уште една година, но официјалната одлука ќе ја имам до крајот на годинава – вели Лазаров.

Прв следен предизвик за ракометната репрезентација ќе биде дуелот со светскиот шампион Данска во квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.