Македонскиот капитен и селектор Кирил Лазаров вели дека е горд на она што го гледа во актуелниот тим. Според него се гради еден систем во националниот тим кој треба да функционира во наредните години.

Задоволен сум и горд сум од она што се направи. Можеби неочекувано ја добивме Данска, денес утрово имавме видео-анализа и дури и мене на анализа натпреварот ми изгледа многу подобро одошто ми изгледаше на терен. Може да се увидат неколку детали и сакам уште еднаш јавно да им честитам на играчите, стручниот штаб и сите што беа инволвирани во овој процес за подготовката против Данска. Но, сега треба да се посветиме уште повеќе и да се надградуваме и најважно е во наредните седум-осум месеци да создадеме квалитетна база од 20-25 квалитетни играчи кои во секој момент можат да влезат на терен и да им парираме на поголемите европски репрезентации. Тука сме 21 играч, ни недостасуваат, од оние кои што го заслужија повикот сега, Марко Мишевски, кој беше ковид-позитивен, сега е негативен, како и Дејан Кукуловски и Бојан Маџовски. Се надевам дека во нареден период ќе се појави уште некој играч и ќе го вклучиме во „костурот“ за да немаме недостаток на квалитет. Многу потешко би ми било да сум само селектор, да гледам од надвор, а да не делувам внатре. Вака кога сум на терен и сам носам одлуки и решенија и директно влијаам на резултатот на играта. Малку ме исцрпува новата улога, затоа што се подготвуваш за тренинг, треба да размислуваш на таткитка, треба да размислуваш на својата репрезентација, треба за противникот, треба за 20 играчи, па со сите да разговарате, да ги чуете нивните барања и нивните проблеми. Но, тука влегов со голем ентузијазам и сакам да ја работам оваа работа. А, нешто кога сакате, го работите со страст без проблем“.

Следниот дуел помеѓу овие две селекции е в недела од 16:00 часот, овој пат во Алборг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.