Репрезентацијата на Црна Гора е вториот противник на Македонија на Европското првенство, средба за која селекторот Кирил Лазаров направи две измени во составот во однос на пресметката со Словенија.

Со оглед на тоа што кружниот напаѓач Стојанче Стоилов доби позитивен тест на КОВИД, тој беше „избришан“ и на негово место доаѓа Кристијан Симоноски кој настапува за Алкалоид.

Втората промена е на голманската позиција каде Никола Митревски по добиеното зелено светло се враќа во составот, додека Градимир Чаневски ќе се пресели на трибините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.