Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари целта, обезбеди пласман на ЕП и тоа како првопласирана во групата 3.

Капитенот Кире Лазаров е свесен дека ракометарите не брилјираа и има доста недостатоци во играта, но резултатите се паметат.

Не брилјиравме, имавме изморени и еден дел неискусни, а еден дел повредени играчи. Среќни сме за новиот пласман на ЕП, но ова не е најдоброто од нас. Можеме и мораме подобро. Сепак, резултатот е тој што се памети. Треба да се направи анализа, имаме многу за поправање. Јас секогаш се стремам кон совршенство, но не треба да бара алиби, треба да се биде амбициозен. И Франција и Германија се млади репрезентации. Младите брилјираат во своите клубови. Ние не се делиме на млади и стари, туку на добри и лоши. Мора и треба да има притисок за да успееме – вели Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.