„Македонската легенда и ваљевци“ е коментарот на некогашниот ракометар на битолски Пелистер на фотографијата што ја објави од средбата со некогашниот клупски колега Кире Лазаров.

Лазаров и Новокмет се сретнале за време на подготовките на РК Алкалоид во Србија.

Лазаров не крие дека токму Новокмет е неговиот ракометен идол од кого многу учел. Тие играа заедно во Пелистер во сезоната 1997/1998, Кире како почетник, а Душан на заминување од клубот.

Јас сум за квалитетни странци од кои децата ќе можат да учат. Мој идол како дете беше Душан Новокмет од кого учев, кој подоцна доби и македонско државјанство. Не сум за неквалитетни странци кои ги има кај нас во изобилие, изјави своевремено Лазаров.

Српскиот ракометар Душан Новокмет остави длабока трага во македонскиот ракомет и во ракометниот клуб Пелистер. Роден во Ваљево во 1970 година, а за ракометниот клуб Пелистер играше од 1992 до 1998 година. За македонската репрезентација настапи на ЕП 1998.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.