Европската ракометна федерација (ЕХФ), традиционално, го објави списокот најдобри ракометари за 2018 година, на кој се најде и капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.

Десниот бек на Нант иако веќе има 38 години сѐ уште не им се дава на помладите, па со игрите прикажани на ЕП 2018 како и во Лигата на шампионите и во француското првенство ги „примора“ одговорните да го сместат во Топ-10 на Стариот континент. Лазаров имаше одлични настапи за Македонија во првата фаза од јануарскиот собир во Хрватска, со Нант стигна до финалето на ЛШ, а воедно стана и најдобар стрелец на завршните турнири од ова натпреварување во Келн.

Меѓу најдобрите има и двајца поранешни вардарци, Арпад Штербик и Алекс Душебаев, како и за Диего Симоне, Винсен Жерар, Сирил Думулан, Анди Шмид, Барте Мирхол, Недим Ремили и Сандер Сагосен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.