Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави список на повикани ракометари кои ќе конкурираат за место на претстојните натпревари со репрезентаците на Луксембург и Турција.

На списокот на Лазаров се најдоа:

голман: Никола Митревски, Марко Кизиќ и Мартин Томовски

лево крило: Дејан Манасков, Цветан Кузмановски и Петар Атанасијевиќ

десно крило: Ненад Костески и Гоце Георгиевски

пивот: Жарко Пешевски, Никола Маркоски и Костадин Стојковиќ

десен бек: Томислав Јагуриноски и Мартин Серафимов

лев бек: Филип Талески, Павле Атансијевиќ и Иван Џонов

среден бек: Филип Кузмановски, Игор Ѓорѓиев и Марко Митев

дефанзивец: Михајло Младеновиќ

„Црвено-жолтите“ ќе играат во Група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија.

На 12 октомври во Скопје, македонската репрезентација ќе го пречека Луксембруг, а четири дена подоцна (16 октомври) ќе гостува во Ван против селекцијата на Турција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.