Дисцилплинската комисија на Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни црногорскиот ракометар Марко Ласица со 5.000 евра (од кои 2.000 евра се условна казна на две години), откако влезе во конфликт со македонските навивачи по вчерашната победа на Црна Гора против Македонија (28-24) на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Ласица плукна кон навивачите на Македонија, по што за среќа беше избегнат поголем инцидент, поради реакцијата на соиграчите на Ласица. Денеска, тој се извини на македонските навивачи.

Сакам да се извинам на македонската јавност и да ја објаснам ситуацијата. Во текот на целиот меч бев гаѓан со монети и плукан, а по натпреварот еден таканаречен навивач повторно ме плукна кога бев во негова близина. Направив грешка и затоа се извинувам. Посебно ја ценам македонската публика и нејзината посветеност кон репрезентацијата и клубовите. Мојата реакција е за осуда и уште еднаш се извинувам – вели Ласица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.