Срам ми е да излезам на терен против Данска пред овие наши навивачи. Тие заслужуваат многу повеќе во однос на тоа што го покажавме. Навистина немам коментар, не знам што да кажам, изјави средниот бек Филип Кузмановски по поразот вечерва од Црна Гора (24-28) со што завршува настапот за Македонија на ова ЕП.

Според него, вината е исклучиво кај ракометарите, а Црна Гора денеска им покажала како треба да се борат.

И вчера реков дека самите сме криви и дека треба да ги поправиме тие технички грешки, а денеска направивме уште повеќе грешки. Не знам кај е проблемот. Сите зборуваат за некоја нова Макеоднија, да смениме нешто, да не бидеме само пензионерска, да трчаме… Ама ние трчаме како без глава. Црна Гора ни покажа како се бори, ние не се боревме и заслужено нѐ победија, додаде Кузмановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.