Даинис Кристопанс беше едно од најзвучните заминувања од Вардар, поради лошата финансиска ситуација во изминатиот период. Тој одлучи да ја продолжи кариерата во Германија и да го облече дресот на Фуксе Берлин.

Периодот минат во Бундеслигата за 29-годишникот донесе еден поинаков ракомет, кој повеќе се базира на индивидуален квалитет, отколку на тактичка подготовка и игра.

Тимовите немаат толку многу време да се подготват за натпреварите. Тактиките не се толку длабоки и има минимална подготовка пред секој меч. Повеќе се внимава индивидуално мајсторство. Бундеслигата е идеална за играчи кои се индивидуално добри, на кои не им треба добар тим, или кои сакаат да се докажат. Бундеслигата не е мое омилено првенство. Не сакам да ја навредувам Германија, но навикнат сум на @попаметен ракомет“, изјави Летонецот.

Од наредната сезона Кристопанс ќе биде дел од тимот на ПСЖ, клуб со кој потпиша уште минатата година.

gol.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.