Вардар во саботата обезбеди важен триумф на гостувањето кај Кристијанштад со 32-30 и тоа во меч во кој блескаше Даинис Криштопанс.

„Џинот“ на црвено-црните постигна осум гола кои му обезбедија место во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите. Криштопанс е најдобар десен бек, а освен него во дрим тимот се најдоа следниве играчи: Иван Никчевиќ (Спортинг), Барис Пухуски (Мотор), Себастијан Скубе (Бјерингбро/Силкеборг), Лук Абало (ПСЖ), Јаник Колбахер (Рајн-Некар Левен), Ричард Капелин (Кристијанштад).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.