Како што и се шпекулираше по француските ракометни кругови деновиве Никола Карабатиќ нема да се откаже од можноста да ја освои петтата титула првак на светот. Повреден и опериран во октомври со план за закрепнување до февруари, најдобриот ракометар на сите времиња успеал да го заврши процесот на закрепнување пред планираниот рок и да му се стави на рсполагање на селекторот на француската репрезентација Дидије Динард.

Доаѓањето на бекот на Пари Сен Жермен во Берлин се очекува уште денеска, со што ќе биде 18-тиот играч во репрезентацијата.

Разговарав со челниците на ПСЖ и се создадоа услови Никола да биде со нас. Тој е многу важен играч за оваа екипа, но во овој момент мораме да провериме низ тренинзи каква е неговата моментална состојба и дали може да ни се приклучи – изјавил Динард за Екип.

Франција се среќава со Србија во меч од второто коло вечерва во 20.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.