Меѓу бројните Хрвати кои пристигнаа во Стокхолм од лице место да го гледаат финалето меѓу Шпанија и Хрватска на ЕП е екс-претседателката на оваа земја, Колинда Грабар Китаровиќ. Таа за тамошните медиуми изјави дека дошла да го поддржи Лино Червар.

„Се чувствувам одлично, иако како што реков сум болна. Морав да дојдам да му дадам поддршка на Лино и на ракометарите. Со сето срце ќе навивам“, рече Колинда која беше во Русија на СП и ги тешеше фудбалерите по освоениот сребрен медал.

Видео-записот може да го видите на овој ЛИНК. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.