Не се плашам од Кире Лазаров, најголемиот ракометар во историјата на својата земја и еден од најголемите европски ракометари, ниту од голманот Ристовски, не се плашев ниту од Миркуловски и Наумче Мојсовски додека играа, иако беа навистина одлични играчи, а не се плашам ниту од помладиот Манасков, ниту од тренерот Гонзалез. Секогаш најмногу се плашам од…Стоилов.

Вака спортскиот новинар на „Вечерњи лист“ и уредник на хрватскиот неделник „Макс“, Младен Милетиќ, ја започнува својата колумна за македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов на „Балкан Хендбол“. 

Во колумната посветена на Стоилов, Милетиќ го опишува силниот карактер на нашиот репрезентативец.

Кога тој го претрчува теренот салата се тресе, кога ќе постигне погодок стаклата пукаат, кога ќе ги крене рацете кон навивачите и децата почнуваат да плачат, па дури и ако не те интересира кој ќе победи веднаш почнуваш да навиваш за Македонија или Вардар.

Тој е играч, но и човек со му*а и карактер како Шар Планина, вистински патриот, пишува Милетиќ

Милетиќ истакнува дека кога би имал клуб би барал на Стојанче да му се купи „златно ланче“ и дека не е случајност што токму тој е единствениот Македонец во шампионската генерација на Вардар.

Кој е овој дебелиот? Глеј колкав е, а трча побрзо од Копљар, се коментирало во Хрватска на ЕП во Србија каде што Македонија го освои петтото место.

Тој додава дека и покрај тоа што и денес ако го пребаруваш Стојанче Стоилов на интернет, веднаш ти нуди и колку килограми има, колку и да делува опасно, во суштина е голем позитивец и одличен тип кој многу малку зборува, но кога нешто ќе каже – погодува каде што треба.

А, некогаш не мора ништо да каже. Како неодамна кога замина од доделувањето на спортист на годината и така го изрази својот став. Може да се согласувате или не со тој став, но тој покажа став. Малку им се нив две држави, напиша новинарот.

Денес од 18:00 часот Македонија го игра третиот натпревар на Светското првенство, а за противник ќе ја имаме токму селекцијата на Хрватска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.