Европскиот шампион Вардар денеска запиша убедлив пораз на гостувањето кај Кјелце, а гостувањето на македонската екипа во Полска го искористија домашните навивачи за тешка навреда кон Тимур Дибиров.

Навивачите на Кјелце решија на трибините да извадат транспарент на кој пишуваше „Дибиров, е*и се“, па така на некој начин се одмаздија за навредата на поддржувачите на Вардар од минатата година, кога тие поставија транспарент на кој пишуваше „Талант – петух“, што на руски значело „Талант – пе*ер“.

Талант тогаш беше ептен нервозен по поразот од 27-28, па кажа дека би сакал лично да дојде човекот кој го напишал транспарентот и истиот да му каже „петух“.

извор: Спорт1.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.