Омразата (говорот на омраза) вклучува и психолошки, едукативен, воспитен, и други аспекти. Ова  е широко поле за сериозен социјален ангажман од сите одговорни институции со цел надминување на несакано високиот достигнат степен на говорот на омраза.

Последните промери на говор на омраза на кои сите сме сведоци е победата на ракометниот клуб „Вардар“ во Европскиот куп.

Најнов пример е Фејсбук статусот на директорот на Домот на културата во Кавадарци, Александар Малинков кој напиша:

Обично говедата тежат повеќе од сто тричетириесет кила…и на грбот немаат број 5.

Очигледно е дека директорот на Домот на култура од Кавадарци, Александар Малинков yпaтува нaвpeди кон капитенот на РК „Вардар“, Стојанче Стоилов.

Слични навреди деновиве беа упатени од страна на повеќе функционери на власта, но засега нема најава дека ќе сносат било каква oдгoвopнocт поради шиpeњето на oмpaзa кон спортистите, кои, пак, Владата и премиерот Заев ги промовираа како  нaциoнални херои, вeтyвajќи им премии од 700.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.