Денеска во Виена беше извршена ждрепката за Европското првенство кое наредната година ќе се одржи во три земји Норвешка, Австрија и Шведска. Нашите ракометари минаа добро на ова извлекување, односно добија ривали по мерка, ривали со кои можат да се надигруваат и да ги победат-тоа се селекциите на Чешка, Австрија и Укрина.

Тоа се репрезентациите кои заедно со нас се најдоа во групата Б на која домаќин е Виена што значи Австрија ќе ја има поддршката од своите навивачи. Шампионатот се игра од 9 до 26 јануари, а целосниот изглед на групите изгледа вака:

Група А: Хрватска, Белорусија, Црна Гора, Србија

Група Б: Чешка, Австрија, МАКЕДОНИЈА, Украина

Група Ц: Германија, Шпанија, Летонија, Холандија

Група Д:
Норвешка, Франција, Португалија, Босна и Херцеговина

Група Е:
Данска, Унгарија, Исланд, Русија

Група Ф: Шведска, Словенија, Швајцарија, Полска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.