Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров во интервју за хрватските медиуми најави дека сезоната која допрва ќе започне ќе биде последна во ракометната кариера. Десниот бек богата клупска кариера ќе ја заврши во француски Нант, а со голема успешно ги носеше дресовите на Барселона, Веспрем, Атлетико Мадрид, Загреб и Пелистер.

Мислам дека тоа ќе биде крај. Нема веќе повеќе смисла. Во ракометот ќе останам како тренер. Кој знае, можеби за десет години ќе седнам на клупата на ППД Загреб, клуб кој ми даде многу во ракометната кариера, изјави Лазаров.

Лазаров најави останување во ракометот откако успешно организираше седумдневни кампови во Охрид и отвори сопствен клуб Голден Арт КЛ7 кој годинава ќе се натпреварува во Супер лига. Повлекувањето на Лазаров од ракометот ќе значи голем удар за репрезентацијата која ќе мора да продолжи без капитенот, срцето и душата во екипата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.