Кризата со корона вирусот но и земјотресот во Загреб беа темите за кои Кире Лазаров разговараше со хрватските новинари.

Капитенот на македонската репрезентација првите интернационални чекори ги направи во дресот на ППД Загреб, поради што хрватската јавности сѐ уште го смета за „свој“ и редовно го следи и известува за неговите успеси. Во мега-интервју за дневниот лист „24 сата“, Лазаров говори за речиси секој сегмент од својата кариера, а го спомна и актуелниот европски шампион Вардар.

„Вардар направи многу, дури и многу повеќе од тоа што се очекуваше од него. Најголеми заслуги за успесите одат на сметка на Сергеј Самсоненко, кој вложи многу, но и кој работеше паметно и беше многу упорен. Ако политиката се замеша во оваа приказна ќе биде навистина лошо. Но, Вардар е институција и се надевам дека наскоро сѐ ќе биде во ред. Овој клуб му е потребен на македонскиот народ и спорт“, вели Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.