Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ црвено-црните доживеаја тежок пораз од Кил. Во четвртиот натпревар од ракометната Лига на шампионите бундеслигашот славеше со 20:31 над Вардар.

Хендрик Пекелер даде осум гола за Кил, Домагој Дувњак додаде шест, додека Никлас Ландин имаше над 20 одбрани. Кај Вардар, Тимур Дибиров постигна пет гола, Даинис Криштопанс додаде четири.

Во наредното петто коло „црвено-црните“ предводени од тренерот Давид Писонеро на 19 октомври (17.30 часот) во Унгарија ќе ги чека уште еден голем предизвик, Веспрем на нашиот репрезентативец Дејан Манасков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.