Трет пораз на Вардар во ЛШ овојпат од Кил 26-29. Сосема заслужено гостите си одат со победа. Слаба игра на Вардар, особено во вториот дел.

Во гостинската екипа блескаше Пекелер како и хрватскиот репрезентавец Дувњак.Кај вардарци пак Дибиров и голманот Томовски го држеа резултатот за Германците да не се одлепат.

 

Големиот Кил не подлегна на жешката атмосфера во Јане Сандански и се разигра во второто полувреме.

Се чини дека овој пораз повторно оди на душа на тренерот на Вардар Веселин Вујовиќ кој непотребно инсистираше на игра без голман дури во ситуација кога имавме водство и добра игра.

Во финишот гостите имаа помош од судиите и беа испратени со извици ЕХФ мафија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.