Едно од најзначалните имиња во клупската историја на актуелниот македонски, регионален и европски шампион, Вардар, Игор Карачиќ полека се адаптира на новата средина во Килце. Неговата, но и приказната на Вардар која од многу аспекти е специфична, дури и неверојатна предизвикува внимание и за полските медиуми. Во интеревју, Карачиќ раскажува што се случувало во минатата сезона во која тој и соиграчите се соочуваа со сериозни финансиски проблеми.

Во пресрет на минатата сезона ситуацијата во Вардар беше навистина лоша. Јас Тимур Дибиров и Столе Стоилов имавме состанок за да се договриме за судбината на клубот. Решивме дека ќе му веруваме на Сергеј Самсоненко. Потоа во соблекувалната разговаравме и со другите играчи. Побаравме и од нив да се изјаснат. На следниот тренинг сите одговорија дека остануваат. Си замина само Вуко Борозан и тоа во текот на сезоната и од сосема други причини. Си ветивме дека ќе докажеме оти не е се во парите. Се останато е историја – вели Карачиќ.

Тој зборува и за перидот кога Самасоненко го презел клубот и ги уверувал играчите дека ќе станат европски шампиони. Им велел дека ќе бидат како Барселона.

Се гледавме со соиграчите и се чудевме, дел од нас едвај се воздржуваа да не се изнасмеат. Кога дојдов јас во Македонија, Вардар не беше ниту најдобар клуб, Металург беше шампион“ – се потсетува хрватскиот интернационалец.

Неговиот нов клуб, Килце во прелиминарниот групен сегемнт во Лигат на шампионите ќе му биде противник на Вардар, па Хрватот ќе има враќање во Скопје за дуелот кој е закажан за 9 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.