Членот на македонскиот првак Вардар Игор Карачиќ, кој одигра клучна улога во победата на Хрватска над Исланд на СП во Германија за македонските медиуми ги открива своите очекувања и за двете селекции хрватската и македонската.

Очекувавме дека ќе биде тежок натпревар, иако се надевав дека ќе немаме стресен финиш. Но, на крајот се испадна добро, а ние знаевме дека имаме квалитетен противник и не ги потценивме.

Карачиќ смета дека Македонија има сила и капацитет да го победи Исланд.

Гледав дваесетина минути од натпреварот на Македонија, македонската репрезентација ми изгледаше доста компактно. Со добра игра во одбраната, мислам дека Македонија има сила и капацитет да го победи Исланд, посебно ако го неутрализира Палмарсон што може да биде клучно, – потенцираше Карачиќ.

извор: Дерби.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.