Миленикот на македонската публика  конечно призна дека судијата Ѓорги Начевски правилно постапил кога на минута и пол до крајот, при водство на Шпанија со 21-20, направи очигледни чекори, а топката му беше одземена.

„ Им симнувам капа на македонските судии за тоа што го направија. Ме прашаа потоа во неврзан муабет како ми се случи тоа, едноставно не можам да објаснам. Во тој момент, во вашата глава се 300 акции и тоа е еднаш во милион случаи да мислите дека ја водите топката, а всушност не ја тапкате. Можам само да кажам дека не им замерувам во ниеден момент, одлуката беше таква каква што требаше да биде. Се случи грешката, скапо ја плативме….изјави Карачиќ во онлајн-интервјуто за порталот „Балкан-хендбол“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.