Некогашниот вардарец Игор Карачиќ во подкастот за „Балкан Хендбол“ откри и интересна ситуација во соблекувалната на Вардар, на Ф4-турнирот во Келн каде се освои првата титула во Лигата на шампионите.

На полувремето со Барселона кога се губело со седум разлика, тимот го мотивирал крилото Иван Чупиќ, со коментар со Еурофарм Работник. Пред мечот на Ф4, имаше меч во Битола на кој Вардар губеше со девет разлика, ама на крај победи.

„Ќе раскажам една интересна ситуација. Губиме од Барселона во Келн со седум разлика на полувреме и во соблекувалната Чупиќ седи до мене, се гледаме еден со друг и се спремаме да зборуваме што и како ќе правиме.

Одненадеж, Чупиќ стана и кажа – „Пред десет дена во Битола, на полувреме губевме девет разлика од Еурофарм Работник, па победивме. Можеме и денес“. Сите се погледнавме чудно, ама решивме да му веруваме дека можеме, се обединивме и успеавме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.