Голманот на Македонија, Борко Ристовски после првото коло е голман со убедливо најголем број на одбрани. Тој запре 19 удари на противникот, а имаше неколку одлични интервенции меѓу нив.

Во еден момент беше уловен од страна на ТВ камерите како ги шпиунира Јапонците. Се доближи до тројка на противникот во моменти додека се договараа.

Прашањето е колку Борко успеа да разбере од јапонскиот, но според бројот на одбранети удари успеал одлично да сфати што се договараа противничките ракометари и одлично ја заврши својата задача.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.