Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски не го исполни ветувањето од последниот состанок со претставниците на клубовите од Првата ракометна лига, на кој имаше претставници и од Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Прволигашите не ги добиле ваучерите, рокот како што информираат бил до 10 овој месец, а до денеска никој нема добиено ниту денар. Тие испратиле известување до РФМ дека овој викенд нема да се игра ракомет во Прва лига.

Остануваме на ставот. Не го исполнија рокот, дури ни кажаа дека законот за ваучери бил ставен на гласање на владината седница. Проверивме, нема ништо од тоа. Сите екипи учесници во Првата лига ќе го бојкотираат првенството заедно со младинските тимови, порачаа прволигашите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.