Игор Карачиќ денеска по цели седум години за прв пат игра против Вардар. Но, Хрватот и натаму останува миленик на вардаровите навивачи.

Карачиќ доби огромни овации за време на претставувањето на екипите, за разлика од останатите играчи на Кјелце.

Пред натпреварот доби и посветен дрес од Вардар за сè она што го направи додека ги бранеше црвено-црните бои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.