Машкиот ракометен шампион Вардар од Скопје утре го пречекува Битолски Еурофарм Пелистер во третото коло од ракометниот плејоф, па иако повеќе од јасно е дека се ќе се решава на реваншот во Битола кој е подоцна на календарот, сите се свесни дека утрешниот натпревар има огромно значење.

Поради тоа, актуелниот првак денеска доби посебна поддршка од своите верни „Комити“, кои добија специјална дозвола и приредија нешто незаборавно за своите ракометари во „Јане Сандански“ за време на последниот тренинг пред утрешниот меч.

„Комити“ приредија и пиротехничко шоу со цел да ги мотивираат своите миленици, кои утре сигурно ќе бркаат победа на домашен терен во дуелот против Еурофарм Пелистер кој е закажан во 17:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.