Неколку илјади Аргентинци се собрале пред Претседателската палата во Буенос Аирес за да се простат од Диего Марадона.

Ковчегот со телото на Марадона е изложено за јавноста, прекриен со знамето и дресот на Аргентина со број 10.

Нетрпеливите луѓе во желба што побрзо да дојдат на ред ја урнале заштитната ограда и се судриле со полицијата.

Аргенитина прогласи тридневна жалост за смртта на Марадона, па се очекува од него да се простат милион луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.