Светската ракометна федерација (ИХФ) ги откри ковид-протоколите за натпреварувањето, кое заеднички ќе го организираат Полска и Шведска. Иако голем дел од натпреварувањата на ЕХФ беа со поблаги мерки, сепак на шампионатот кој почнува на 12. јануари се враќаат на сила ковид-тестовите и интензивното тестирање на сите ракометари и членови на стручниот штаб.

Имено, спорт ИХФ-протоколите сите ракометари ќе бидат тестирани пред првиот натпревар, пред главната групна фаза и пред четвртфиналето. Во случај на позитивни случаи на ковид-19, инфицираниот ракометар или член на стручниот штаб ќе мора да замине во петдневен карантин и потребен му е негативен тест потоа за да излезе.

На претходното Светско првенство во Египет и на последниот Европски шампионат во Унгарија, Норвешка и Шведска ковид-тестовите создаваа многу проблеми за сите репрезентации, а посебно во Дебрецин и за македонските ракометари.

Македонија за десетина дена патува во Краков, каде што ќе игра против Норвешка, Холандија и Аргентина во групната фаза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.