Ракометниот клуб Металург обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа иако вечерва во вториот меѓусебен дуел загуби од швајцарски Криенс со 22-21 (12-11) во натпревар кој беше неизвесен од почетокот до крајот.

Металурзите се пласираа во групната фаза на второто по квалитет ракометно натпреварување во Европа благодарение на победата од два гола на првиот меч во Скопје.

Македонија во ова натпреварување ќе има два претставници, откако друштво на тимот од Автокоманда ќе му прави Еурофарм Пелистер.

Двата тима ќе ги дознаат противниците во групнаата фаза на први октомври

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.