Светската ракометна федерација (ИХФ) официјално потврди дека Македонија ќе биде дел од најголемиот ракометен собир.

Breaking #Egypt2021 news: As a result of several positive results in the obligatory COVID-19 tests before departure for…

Posted by International Handball Federation – IHF on Tuesday, 12 January 2021

Само ден пред стартот на Светското првенство во Египет репрезентацијата на Чешка и официјално се повлече од настапот поради многуте позитивни случаи на Ковид-19 во составот, потврди претседателот на чешката федерација.

Такви проблеми во нашиот тим нема, односно по последните направени тестови ниту еден член на нашата селекција нема позитивен тест на Ковид-19.

Македонија ќе го заземе местото на Чешка односно да игра во Г групата, во која редоследно треба да игра против Шведска веќе во четврток (14 јануари), па два дена подоцна (16 јануари) против домаќинот Египет, на 18-ти против селекцијата на Чиле, која во рамките од подготовките нашите ракометари два пати ја победија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.