Шпанија е фаворит во мечот за титулата на Европското првенство, а уште поголем ако се остварат најавите од хрватските медиуми.

Денеска тимот на Лино Червар одигра релаксирачки тренинг, а на него не присуствуваше еден од најдобрите ракометари на светот Лука Циндриќ. Ракометарот на Барселона се повреди уште во групната фаза, не играше против Шпанија во групата, а потоа го пропушти второто полувреме и четирите продолженија во полуфиналето со Норвешка.

Прогнозите беа дека ќе биде подготвен за финалето, но најавата воопшто не е добра за хрватската репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.