Фантастичен ракомет одиграа Хрватска и Германија. Одлични ракометари на двете страни. Иако сите мислеа дека „коцкестите“ лесно ќе дојдат до победата тоа не беше така.Германската машинерија на чело со Генцајмер и голманот Волф мелеше се пред себе.

На другата страна голманот Шего немаше свој ден.Лино Червар на клупата едноставно збесна. Циндриќ и Степанчиќ исто така не беа на висина на задачата. Сепак во второто полувреме се разбудија и заиграа како што знаат и со неколку клучни голови на Караџиќ стигна до победата. Со оваа победа си обезбедија пласман во полуфиналето на ЕП.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.