Хрватската ракометна репрезентација е победник во балканското дерби со Србија и со тоа остана во игра за втората фаза на Европското првенство кое е во тек.

Хрватите ја победија Србија вечерва со 23-20, а за пласман понатаму ќе треба Франција да си ја заврши работата против Србите, откако „триколорите“ без мака дојдоа до втора победа против Украина со 13 гола разлика.

Предводени од екс-вардарецот Чупиќ и извонредниот Луцин, кој погодуваше кога беше најдобро, а надополнети и од Мартиновиќ, Хрватска дојде до победата во која во тек на цел меч имаше контрола на мечот, а Србија немаше сила да се врати после втората серија во која „каубоите“ дојдоа до најголемите плус пет.

Чупиќ и Мартиновиќ дадоа по шест гола, а Луцин додаде пет, додека кај Србија, Радивојевиќ погоди пет, а Кукиќ додаде четири гола.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.