Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука групата А од ракометната Суперлига да биде ставена во мирување во наредните 15 дена.

Ова откако ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека во клубот се изврши Ковид-19 тестирање во Клиника Жан Митрев на комплетниот играчки кадар, стручниот штаб и комплетната логистика на клубот и беа откриени 16 Ковид-19 позитивни резултати.

Откако ќе изминат овие 15 дена, повторно ќе биде извршен скринин на сите екипи пред продолжението на сезоната, велат од РФМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.