Тимчо Муцунски, градоначалник на скопската општина Аердром денеска се сретна со ракометарите на Вардар кои вечерва славеа над Елверум во рамките на последната рунда во групите на ЕХФ Лигата на шампионите (39-30).

Вечерва по големата победа на РК Вардар имав кратка средба со играчите на овој клуб. Многу позитивна енергија, ентузијазам и желба за нови европски титули од овие играчи. Како Општина Аеродром целосно им стоиме на располагање на играчите и Општината во иднина ќе продолжи засилено да дава поддршка за македонскиот шампион. Спортот го обединува народот, спортот ги прави среќен Македонците.
Да продолжиме да даваме поддршка за Вардар и да одиме на европска титула!, напиша на Фејсбук Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.