Тренерот на Татран Прешов, Славко Голужа не го криеше задоволството од триумфот на неговиот тим од 23-24 на гостувањето против Еурофарм Работник во Лигата на шампионите.

Татран беше пред пораз по негативата од 21-17 на 15 минути пред крајот, но со одличен финиш стигна до победата и покрај тоа што македонскиот тим имаше извонредна поддршка од трибините. Токму феноменалната атмосфера во Битола повторно го воодушеви Голужа, кој и како играч гостувал во еден од најракометните македонски градови.

„Ова што повторно го доживеав во Битола е неверојатно. Навистина ова е реткост и мора да го чувате. Оваа атмосфера е мотивирачка за секој тим кој гостува тука, не само домашната. Мислам дека токму тоа ги понесе и моите ракометари кои во максимална борба на крајот стигнаа до победата. Ги искористивме и грешките на Еурофарм за кого знаевме дека е одлична екипа која исто така ќе оди на победа“ – истакна по мечот хрватскиот стратег.

извор: Екипа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.