Првиот голман на македонската машка ракометна репрезентација Никола Митревски денеска се приклучи на националниот тим во Дебрецен, каде што е во тек Европското првенство 2022. Митревски беше дочекан со овации од соиграчите.

Митревски не замина со репрезентацијата на континенталното првенство бидејќи последниот ковид-тест пред тргнувањето му беше позитивен.

Откако вчера имаше негативен тест во Скопје, тој тргна на пат кон унгарскиот град, а денеска веќе му се стави на располагање на селекторот Кире Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.