Најдобрите машки ракометари вечерва загубија од Чешка со 25-27 во мечот од 2. коло од групата „Б“ и за плсман во втората фаза мора да „бркаат“ победа против Австрија од најмалку два гола разлика.

Ништо не е загубено, очекувавме тежок меч со Чешка како што е секогаш со нив. Нијанси решаваа, се боревме до самиот крај, дадовме максимум, но тие победија. Мора да бидеме оптимисти, мислам дека селекцијата на Австрија повеќе ни одговара отколку Чешка. Треба добро да ги анализираме, да се подготвени па ќе видиме. изјави десното крило Гоце Георгиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.