Како што доаѓа крајот на Европското првенство, така на секој меч има по некоја жртва. Силното темпо кое го диктира ова натпреварување, патувањата, тешко се издржува. По завршување на дуелот со Шпанија, во јавноста проговоре Домагој Дувњак.

Хрватска во моментов има проблем со двајца играчи. Лука Циндриќ веќе два меча е во „аут“, додека пак на мечот со бранителот на титулата се повреди и Игор Карачиќ, на другата страна исто го снајде и Алекс Душебаев.

Видовме буквално се. Тие го гледаат својот профит. Втората група играше вчера и денеска. Во петок е полуфиналето и еден натпревар во сабота. Тоа се четири меча во пет дена, ова го нема ниту во НБА-лига. Играчите со години бунтуваат. Првенството секогаш е пред здравјето на играчите, кои не можат да сторат ништо, единствено да го бојкотираат натпреварувањето, што пак е тешко за очекување. Не знаеме веќе што играме. Сето ова е поради парите и тоа е нормално, но зошто мора да биде баш вака. Сега кога е најважно, ги казнуваат играчите и фановите. Ракометарите се повредени,на крајот првенството ќе го освојат најнеподготвените, а не оние кои најдобро играат – изјави Дувњак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.