Репрезентацијата на Финска ќе биде сериозно ослабена за претстојниот квалификациски меч во Скопје против Македонија (на 4 ноември) откако беше потврдено дека најдобриот финаски ракометар Нико Ренберг ќе го пропушти овој натпревар.

Станува збор за лев бек висок 191 сантиметар кој настапува за францускиот прволигаш Иври и кој важи за лидер на финскиот национален тим, пишува Екипа.мк

Ренберг веќе извесно време беше повреден, Финците се надеваа дека ќе успее да биде оспособен за настап во Скопје, но денеска и официјално беше потврдено дека овој ракометар нема да се најде на финалниот список на стручниот штаб за првите две квалификациски средби, против Македонија и Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.